Тарифни модели Примери за клаузули

Тарифни модели. Со склучување претплатнички договор, претплатникот добива право на користење на услугите што ги обезбедува Македонски Телеком согласно со тарифниот модел/пакет што го избрал претплатникот. Претплатникот може да бара промена на тарифниот модел, но најмногу еднаш месечно, за што плаќа надомест согласно Ценовникот на Македонски Телеком. Претплатникот самостојно и по сопствена волја го избира саканиот тарифен модел, согласно овие Општи услови и важечкиот Ценовник на Македонски Телеком. Тарифните модели што ги нуди Македонски Телеком им се достапни на претплатниците физички и правни лица. Карактеристиките на секој тарифен модел и можните комбинации меѓу тарифните опции се утврдени во важечкиот Ценовник на Македонски Телеком.
Тарифни модели. Со склучување на претплатничкиот договор, претплатникот добива право на користење на услугите што ги обезбедува Македонски Телеком АД - Скопје согласно со тарифниот модел што го избрал претплатникот, кои се вклучени во цената на месечната претплата за тој тарифен модел. Претплатникот може да бара промена на тарифниот модел, но најмногу еднаш месечно, за што плаќа надомест согласно со Ценовникот на Македонски Телеком АД - Скопје. Покрај стандардниот тарифен модел за јавни говорни услуги во фиксната мрежа, на претплатниците физички и правни лица им се овозможува користење на дополнителни тарифни модели. Претплатникот самостојно и по сопствена волја го избира саканиот тарифен модел, согласно со овие Општи услови и важечкиот Ценовник на Македонски Телеком АД - Скопје. Тарифните модели што ги нуди Македонски Телеком АД - Скопје им се достапни на претплатниците физички и правни лицаПретплатникот може да побара користње на определен тарифен модел под услов да нема ненадмирен стасан долг кон Македонски Телеком АД - Скопје. Попустите и бенефициите содржани во тарифните модели може да се однесуваат на сите видови на сообраќај и услуги што ќе бидат определени со карактеристиките на самиот тарифен модел. Карактеристиките на секој тарифен модел и можните комбинации помеѓу тарифните опции се утврдени во важечкиот Ценовник на Македонски Телеком АД - Скопје. На претплатникот, за време на користење на избраниот тарифен модел, нема да му бидат достапни другите бонуси што Македонски Телеком АД - Скопје ги дава за јавните говорни телефонски услуги во фиксната мрежа (бонуси за цена на приклучокот, месечниот надомест и/или цената на повикот), освен ако не е поинаку определено во карактеристиките на самиот тарифен модел. Претплатниците што избрале еден од бенефицираните тарифни модели на Македонски Телеком АД - Скопје и се согласиле со правилата и условите содржани во овие Општи услови, се обврзуваат дека ќе ги користат само јавните телефонски услуги на јавната комуникациска мрежа на Македонски Телеком АД - Скопје. При промена на тарифниот модел, новоизбраниот тарифен модел ќе му биде достапен на Претплатникот и ќе почне да се применува во рок од 1 (еден) работен ден од денот кога барањето е прифатено.