КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ Примери за клаузули

КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ. Услугите на Електронското Банкарство за увид во состојбата, промените и изводот на сметките, како и доставување на електронски налози за плаќање преку Електронското на Корисникот ќе му бидат достапни 24 часа дневно, 7 (седум) дена во неделата, освен во случај на прекин на системот за редовно одржување или надградба на системот. Банката може да врши краткотрајни прекини на услугите од Електронското Банкарство во случаи кога се преземаат неодложни активности за надградба или одржување на информатичкиот систем, за што Банката навремено ќе го извести Корисникот. Банката не одговара за прекин на услугите и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на Банката, односно кој е последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат предвидени, спречени, отстранети или избегнати. Банката нема да биде одговорна доколку не била во можност да ги исполни или задоцни во извршувањето на услугите за Електронското Банкарство наведени во Општите Услови, поради било која од следните причини: - Во случај на Виша сила која подразбира случаи кои се вон контрола на договорните страни, кои не можат да се предвидат, а доколку може да се предвидат истите не може да се спречат или отстранат, како што се природни катастрофи (пожари, поплави, земјотреси), војна, бунтови, вооружен конфликт, немири, штрајкови, дејствија на јавната власт, нарушување на функционирањето на системот во државата и слично. - Опремата и/или софтверот на Корисникот или на Xxxxxxx не работат, а Xxxxxxxxxx знаел или бил известен од Xxxxxxx за настанатиот проблем или прекин во работењето пред да се обиде да даде налог за плаќање. Банката ваквите известувања може да ги достави како објава на интернет страната, во просториите на банката, по електронска пошта, со писмен допис, телефонски или било кој друг начин за која Банката ќе смета дека е соодветен во дадената ситуација. - Доколку страната во чија корист се врши плаќањето не е во состојба да го прифати плаќањето или на друг начин предизвика задоцнување во трансферот на средствата. Електронските налози за плаќање доставени преку Електронското Банкарство ќе се извршуваат според Терминскиот план за учесниците во платниот промет кој е важечки во моментот на извршување на трансакцијата и е истакнат на интернет страната на Банката. Во случај на промена на Терминскиот план на МИПС системот на Народна банка на Република Северна Македонија и Терминскиот план на КИБС Системот на Клириншката Куќа, Банката има право да го промени терминскиот план за усл...
КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ. Банката во својот систем за Електронско банкарство нуди определен опсег на услуги кои корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ. 10.6. Претплатникот е одговорен за домашната инсталација и употреба на Услугите во согласност со законот и Договорот, и ќе се придржува целосно кон Општите услови. Во спротивно, ОПЕРАТОРОТ има право да преземе мерки во согласност со Правилата за привремено и трајно суспендирање на обезбедувањето услуги.

Related to КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.