Склучување на договор Примери за клаузули

Склучување на договор. (1) Договорот во електронски облик се смета за склучен во оној момент кога понудувачот ќе ја прими електронската порака која содржи изјава на примателот дека ја прифаќа содржината на договорот.
Склучување на договор. Договорот се смета за склучен на денот на потпишувањето и истиот влегува на сила со денот на извршување на приклучокот. Договорот склучен со претплатникот особено содржи: • Име и адреса на операторот, • Услуги кои се обезбедуваат, квалитет на понудените услуги, како и времето потребно за почетно приклучивање; • Вид и начин на одржување на услугите што се предмет на договорот; • Детални информации за тарифите и цените и роковите за информирање за промени на тарифите и цените; • Информации за влегување во сила и престанок на претплатничкиот договор, времетраењето и условите за негово продолжување, како и давањето на услуги; • Враќање на износот на претплатата и обесштетување за услугите кое не се обезбедени на нивото а договорениот квалитет; • Правна поука за разрешување на спорови;• Обврска за информирање на претплатниците за планираните измени во условите наведени во претплатничкиот договор и начинот на прифаќање на новите услови за продолжување или раскинување на претплатничкиот договор; • Можност за претплатниците нивните лични податоци да не бидат објавувани во јавност ; • Постапки во случај на неплаќање или ненавремено плаќање на надоместокот за услугите; • Информација за бројот 190 на контак центарот на Агенцијата за електронски комуникации, каде што претплатниците може да ги остварат своите права. Како составен дел кон договорот се сметаат и обрасците и анексите кон договорот кои ги пополнува и склучува претплатникот за активирање или деактивирање на услуги и поради утврдување или менување на тарифен модел кој го користи, како и записите од евиденцијата за претплатникот. Договорот во случај претплатникот да е физичко лице треба да биде потпишан лично од страна на претплатникот или од лице овластено од него, а во случај на правно лице договорот треба да биде потпишан од овластениот потписник на правното лице или вработен овластен за таа цел со специјално полномошно од правното лице и заверено со печат на правното лице. Операторот мора да води евиденција за сите воспоставени претплатнички односи со корисниците која особено треба да содржи податоци за: -Физички лица:Име и Презиме,адреса ,ЕМБГ и број на исправа -Правни лица:Назив, адреса и седиште и ЕДБ Овие податоци не треба да се даваат на трети лица, согласно законот за заштита на личните податоци и согласно XXX.
Склучување на договор. (1) Договор за осигурување се склучува врз основа на понуда за осигурување на осигуреникот или договорувчот на осигурување. Понуда за осигурување може да поднесе усно или писмено.
Склучување на договор. 2.1. Понудата на добавувачот ќе одговара на барањата, описите и/или спецификациите дадени од Винербергер и веднаш писмено ќе ја идентификува секоја несообразност (доколку ја има) кај таквите барања, описи и/или спецификации. Добавувачот бесплатно ќе ја изготви понудата и Винербергер нема да има обврска да ја прифати истата.

Related to Склучување на договор

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.