Општи Одредби Примери за клаузули

Општи Одредби. (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на штедачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
Општи Одредби. 2.1. Правниот однос помеѓу Xxxxxxx и Имателот на сметка настанува со потпишување на Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата и странство. Пред склучување на Договор, Xxxxxxx на Имателот на сметка му дава еден примерок од овие Општи услови. Општите услови се составен дел на Договорот за отворање и водење на сметка за вршење на платен промет во земјата и Договорот за отварање и водење на девизна сметка.
Општи Одредби. (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
Општи Одредби. 13.1 Ниедно одложување, пропуст или неискористување на било која од Договорните страни на било кое од нејзините права и расположивите правни лекови предвидени со овој Договор нема да се смета за откажување од тие права и правни лекови или за одобрување на настанот што довел до потребата од искористување на таквото право или правен лек, туку секое такво право и правен лек може да бидат искористени во дадено време и толку често колку што тоа ќе го смета за неопходно Договорната страна што го искористува тоа право или правен лек.
Општи Одредби. Со Договорот за осигурување на живот, договарачот се обврзува на осигурителот да му плаќа премија за осигурување, а осигурителот се обврзува со настанување на осигурениот случај или со истекот на периодот на осигурување да му ја исплати осигурената сума на корисникот на осигурувањето назначен во полисата.
Општи Одредби. Член 1 Со овој колективен договор се уредуваат правата и обврските на работниците во Министерството за внатрешни работи и работодавачот, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос и други прашања од работните односи или во врска со работните односи.
Општи Одредби. Со овие Општи услови, детално се регулираат општите услови содржани во Претплатничкиот договор, склучен помеѓу РОБИ ДООЕЛ – Телекабел, како оператор на јавна комуникациска мрежа (во понатамошниот текст Операторот) и претплатниците, како крајни корисници на јавни комуникациски услуги. Овие Општи услови се во согласност со Законот за електронските комуникации („Службен весник на РМ“ бр.13/05), (во понатамошниот текст: Законот), Правилникот за видот и содржината на податоците што операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавни комуникациски услуги (во понатамошниот текст: Правилникот), како и со другите релевантни правила и прописи. Овие Општи услови содржат податоци за: • начинот на пристап и склучување претплатнички договор; • листа на услуги; • цени и тарифи; • начин на плаќање; • права и обврски на операторот; • права и обврски на претплатниците; • параметри за квалитет; • информации за условите и начинот на користење на терминалната опрема од страна на претплатниците во согласност со техничките спецификации; • ограничување или прекин на пристап; • исклучување на претплатник; • право на приговор и жалба; • раскинување претплатнички договор. Операторот може, особено доколку тоа го налагаат пазарните услови или законската регулатива, да ги промени и/или дополни овие Општи услови. Овие Општи услови како и нивните измени се достапни на увид на секое продажно место на Операторот, како и на веб-страницата xxx.xxxxxxxxx.xxx.xx. Овие Општи услови ќе се применуваат од денот на нивното објавување на веб- страницата xxx.xxxxxxxxx.xxx.xx и ќе се однесуваат на сите претплатници, кои се крајни корисници на услуги на Операторот. За постојните корисници измените ќе започнат да се применуваат од првиот ден од наредниот месец, од датумот на донесувањето. ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗИТЕ СОДРЖАНИ ВО ОПШТИТЕ УСЛОВИ‌ Секој од подолу наведените изрази, како што е дефинирано во Законот го има следното значење:
Општи Одредби. (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на посетители на културно-уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на културно-уметнички, спортски и други приредби од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
Општи Одредби. Член 1 Со овој Колективен договор се уредуваат и доуредуваат, во согласност со закон и со Општиот колективен договор за стопанство на Р. Македонија, правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачите.
Општи Одредби. Член 1 Со Рамковниот договор за платежни услуги за правни лица - резиденти (во понатамошен текст: Рамковен договор) се регулираат меѓусебните права, обврски и одговорности за отворање, одржување и затворање на платежна сметка, извршувањето на поединечни и последователни платежни трансакции, како и начинот на извршување на платежни услуги поврзани со платежната сметка во Банката во согласност со важечки законски и подзаконски прописи. Во рамки на овој Рамковен договор, Банката на барање на Корисникот може да отвoри една или повеќе платежни сметки во денари и/или во девизи (во понатамошен текст: платежна сметка) и/или може да овозможи користење на платежни услуги наведени во член 2 по отворена платежна сметка под услови и на начин утврдени во Општите услови за отворање и водење на платежна сметка и за вршење на платежни услуги за правни лица (во понатамошниот текст: Општи услови) без склучување на посебни договори со Корисникот. Составен дел на овој Рамковен договор се следните документи (во понатамошен текст: Документација за рамковен договор): - Барање за отворање платежна сметка и други поединечни барања за користење на платежни услуги, - Општи услови, - Општи правила и услови за издавање и користење на Visa Business Debit дебитна картичка на Комерцијална банка АД Скопјe (во понатамошниот текст: Посебни општи услови) и други посебни општи услови за платежни услуги кои не се уредени со Општите услови , - Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица, - Извадок од важечката Одлука за Тарифата на надоместоци и провизии за услугите кои ги врши Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за Тарифа на надоместоци), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги, - Извадок од важечката Одлука за каматни стапки на Комерцијална банка АД Скопје (Одлука за каматни стапки), кој го регулира работењето со платежните сметки и услуги. Со потпишување на овој Рамковен договор Xxxxxxxxxx потврдува дека бил информиран и запознаен пред склучување на истиот со неговата содржина, како и запознаен и согласен со придружната документацијата преку доставување на примерок од Документацијата за рамковен договор. Документацијата за рамковен договор е јавно објавена и достапна на веб страницата на Банката. На барање од Корисникот, Xxxxxxx може да му ја даде Документацијата за рамковен договор и во хартиена форма или на друг траен медиум. Корисникот е согласен со потпишување на Рамковниот договор Банката да врши промена во обемот и содржината на одделните видови ...