Обврска за квалитет на јавни комуникациски услуги Примери за клаузули
Обврска за квалитет на јавни комуникациски услуги. Македонски Телеком АД - Скопје треба да обезбеди квалитет на јавните електронски комуникациски услуги на ниво определено со Законот за електронските комуникации и со Правилникот. Македонски Телеком АД - Скопје треба да обезбеди квалитетно и непрекинато користење на услугите. Македонски Телеком АД - Скопје во согласност со општите услови за работење, ја утврдува организацијата и работното време на своите продажни места за продажба на јавни електронски комуникациски услуги, при тоа водејќи сметка за потребите на своите корисници.
