Дефиниција на Овластено лице

Овластено лице е лице кое Имателот на сметката писмено ќе го овласти за располагање со средствата на сметката.
Овластено лице е лице кое ќе биде писмено овластено од страна на Имателот на сметката за располагање со средствата на сметката. Застапник е законски застапник или старател кој, во рамките на законското овластување или овластувањето дадено со одлука на надлежен орган, го застапува Имателот на трансакциската сметка, кој има ограничена деловна способност или е деловно неспособен.
Овластено лице е лице коешто има право да прима и извршува налози и да дава услуги, односно да прима и да дава други известувања, поврзани со услугите со хартии од вредност кои Банката ги извршува за своите клиенти.

Examples of Овластено лице in a sentence

  • Секое Овластено лице може да има само 1 (еден) дигитален сертификат пријавен за користење на Електронското банкарство.

  • Овластено лице - полномошник може да биде секое деловно способно физичко лице, резидент или нерезидент.

  • За доделување нова лозинка или гернерирање на сертификат на барање на Овластено лице, Банката наплатува надомест согласно важечката Одлука за тарифата на надоместоци за услугите на Банката.

  • Секое Овластено лице може да има само еден дигитален сертификат пријавен за користење на Интернет банката.

  • Секое Овластено лице кое има пристап до повеќе сметки преку веб апликацијата на Интернет банката, за да може соодветно да пристапи до истите преку Мобилната апликација на Интернет банка, ќе мора да добие овластување од секој Корисник на секоја пооделна сметка.

  • Заради извршување на платен промет, Имателот на сметка до Xxxxxxx поднесува уредно пополнет Налог за плаќање или наплата потпишан од Овластено лице, заедно со комплетна документација потребна за извршување на налогот, согласно законската и подзаконската регулатива и актите на Банката.

  • Заради извршување на платен промет со странство, Имателот на сметката до Банката поднесува уредно пополнет налог за плаќање или наплата потпишан од Овластено лице, заедно со комплетна документација потребна за извршување на налогот, согласно законската регулатива и актите на Банката.

  • Секоја измена, додавање или бришење на Овластено лице или менување на обемот и начинот на кој Овластените лица ќе ги извршуваат работите од Електронско банкарство се врши исклучиво преку достава на Регистрациона форма, потпишана од страна на Управителот на правното лице, во која се наведуваат и направените измени, а врз основа на која Банката ќе ги направи соодветните измени во систем.

  • Секоја измена, додавање или бришење на Овластено лице или менување на обемот и начинот на кој Овластените лица ќе ги извршуваат работите од Електронско банкарство се врши исклучиво преку достава на Барање за платежна сметка и платежни услуги, потпишана од страна на Управителот на правното лице, во која се наведуваат и направените измени, а врз основа на која Банката ќе ги направи соодветните измени во систем.

  • Секое Овластено лице може да има само еден дигитален сертификат пријавен за користење на Електронското банкарство.

Related to Овластено лице

  • Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

  • Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

  • Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

  • Осигуреник лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договорувачот на осигурувањето и осигуреникот претставуваат исто лице, освен кај осигурување за туѓа сметка;

  • Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје

  • Полиса исправа за склучениот договор за осигурување;

  • Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

  • Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

  • Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

  • Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;