Измена и дополнување на тендерската документација Примери за клаузули

Измена и дополнување на тендерската документација. 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале.
Измена и дополнување на тендерската документација. Во било кој период пред крајниот рок за поднесување на понудите, Работодавачот може да ја измени и дополни тендерската документација преку издавање на дополненија. Секое дополнение кое ќе биде издадено ќе биде составен дел од тендерската документација и ќе биде писмено соопштено од страна на Работодавачот до сите што подигнале тендерска документација во согласност со ИП 6.3. Работодавачот исто така ќе го објави дополнението на својата интернет страница во согласност со ИП 7.1. За да им се даде на потенцијалните Понудувачи доволно време за да можат да земат некое такво дополнение предвид при изготвување на понудите, Работодавачот може да го продолжи крајниот рок за поднесување на понудите во согласност со ИП 22.2.
Измена и дополнување на тендерската документација. Фондација Метаморфозис го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ја објави измената на веб-страницата на СТЕП проектот (xxx.xxxx.xx), и ќе ги извести потенцијалните понудувачи кои поднеле барање за појаснување. Во случај на измена на тендерската документација, Метаморфозис фондација може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање ако постојат оправдани причини за тоа, и за тоа ќе направи објава на веб-страницата на СТЕП проектот (xxx.xxxx.xx)
Измена и дополнување на тендерската документација. Договорниот орган може, во роковите од точка 3.1 од оваа ТД, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања или барања од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација. Со цел да им се овозможи на сите економски оператори да се запознаат со сите информации потребни за подготовка на понудите, крајниот рок за поднесување на понудите или на пријавите за учество се продолжува пропорционално на сложеноста на измената или дополнета тендерската документација, во последните шест дена од рокот за поднесување на понудите. Во случај на измена и дополнување на тендерската документација како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен преку ЕСЈН да испрати известување во електронска форма до сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената и направената измена да ја објави во ЕСЈН.
Измена и дополнување на тендерската документација. 3.2.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во писмена форма, најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

Related to Измена и дополнување на тендерската документација

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.