Гаранција за учество Примери за клаузули

Гаранција за учество. Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција за учество (гаранција на понудата) во износ од најмалку 33.900,00 ден. / 2 % од објавената проценета вредност за реализација на договорот/. Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банкарска институција избрана од економскиот оператор. Банкарската гаранција ќе биде во валутата на која гласи понудата, односно во МКД денари. Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност - најмалку 14 /четиринаесет/ дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива. Гаранцијата на понудата на понудувачот , чија понуда е избрана за најповолна му се враќа откако ќе се потпише договорот за јавна набавка. Гаранцијата на понудата на понудувачите кои не се избрани за најповолни им се враќа во рамките на периодот на нејзината важност. • ако понудувачот ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност ; • ако понудувачот не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата и • ако понудувачот не го потпише договорот за јавна набавка

Related to Гаранција за учество

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • Општи Информации 1.1 Договорен орган:

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење: