Начин на плаќање Примери за клаузули

Начин на плаќање. 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.
Начин на плаќање. 3.9.1 Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши во рок од 30 дена од уреден прием на фактурата во Архивата на Договорниот орган. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки. За извршена услуга се смета доставување до Договорниот орган Извештај за извршена Процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува Друштвото. Процената важи една година сметано од денот на поднесување на Извештајот за извршена процена.
Начин на плаќање. 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање – во рок до 60 (шеесет) дена од денот на прием на завршна ситуација потпишана од изведувачот, надзорниот орган и овластено лице од страна на договорниот орган, градежна книга и градежен дневник.
Начин на плаќање. По реализација на предвидената работа, од страна на компанијата треба да биде доставена фактура без ДДВ до нарачателот на услугите. Согласно со финансиките правила предвидени во Договорот за реализација на проектот помеѓу Делегација на Европска Унија и МЗЗПР, плаќањата не подлежат на ДДВ. Доставената фактура од правниот субјект ќе биде исплатена од страна на МЗЗПР без ДДВ во рок од 45 дена , по целосна реализација на обемот на работа наведен во Повикот.
Начин на плаќање. 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање : Плаќањето е сукцесивно, во рок од 30 (триесет) дена по достава на фактурата во архивата на договорниот орган. Фактурите се доставуваат во период од 01-ви до 05-ти во тековниот месец за претходниот месец.
Начин на плаќање. 7.1.1 Плаќањето ќе се врши по доставена фактура и обезбедени средства од буџетот и одобрен план.
Начин на плаќање. 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинска управа на Р.Македонија, со прилог испратница потпи- шана од назначените одговорните лица на двете договорни страни. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин на плаќање. Носителот на набавката ќе достави фактура во рок од 5 работни дена по испорака на стоките. Фактурата која е издадена треба да е во согласност со член 53 од Законот за данокот на додадена вредност. Договорниот орган плаќањето на фактурите ќе го изврши во согласност со член 6 од Законот за финансиска дисциплина. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Начин на плаќање. 3.9.1 Потрошувачот е должен да ја плати фактурата за испорачаната електрична енергија во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на потрошувачот. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки
Начин на плаќање. Претплатниците можат да ги платат сметките (фактурите) на некој од следниве начини: • во готово и со платежни картички во продажните места на Македонски Телеком АД - Скопје како и на уредите за самонаплата; • во готово во продажните места на нашите продажни агенти; • во деловните единици на ЈП Македонска пошта или во некои од деловните банки во Република Македонија; • безготовинско плаќање во корист на жиро-сметката назначена на сметката; • преку траен налог доколку се корисници на трансакциските сметки во банки со кои Македонски Телеком има склучено договори за вакво плаќање; • по електронски пат на веб страницата на Македонски Телеком - xxxxx://xxx.xxxxxxx.xx и xxxx://xxx.xxxxxxx.xx/xxxxx- onlajn.nspx. и преку мобилната апликација TELEKOM MK